Вести Македонија

Советот на Општина Тетово формираше нова Работна група за преименување на улици

Преименување на улиците во Тетово повторно актуелна тема, откако денеска Советот донесе одлука за нова Работна група. Дел од советниците критикуваат – Тетово има поголеми проблеми и таму треба да биде насочен приоритетот.

Новата Работна група ќе има задача за преименување на дел од улиците или именување на оние кои немаат име или имаат број. Овој процес кој беше прекинат лани во мај поради изборите доби критика само од опозициските партии од македонскиот блок. Коалициите Вреди и Европски Фронт гласаа „за“. Поддршка даде и ВМРО ДПМНЕ кои со Вреди го формираат мнозинството.

„Точка на дневен ред имаме преименување на улици во моментот кога градот нѝ тоне во секакви проблеми од финансиски. Немаме вода за пиење, немаме паркинзи, немаме тротоари“, вели Боби Илиевски, советник од Левица.

„Со отварање на ова прашање се врши дефокусирање на јавноста од актуелните прашања и проблеми на граѓаните на Тетово“, смета Живе Алексовски, советник од СДСМ.

Ангел Карапетров од ВМРО-ДПМНЕ смета дека со овој процес се решава техничко прашање, бидејќи ќе се именуваат улици без име или со број.

„Ние уште претходно сме го кажале нашиот став дека нема да прифатиме промена на тие имиња на улици. Знаеме дека одлуките се носат со Бадентер, Бадентерот е кај нас и секогаш ние ќе бидеме на висина на задачата и ќе си ја тераме работата како што треба“, изјава Ангел Карапетров, советник ВМРО-ДПМНЕ.

Новата Работна група ќе ја продолжи работата од претходниот состав. Ќе се користат предложените имиња кои се дадени во претходниот процес. За претседател на работната група е избран Алби Ќамили кој по изборите беше назначен за заменик градоначалник.

Александар Самарџиев

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе