Индиските власти со порака дека локализирале епидемија на вирусот Нипа по двата потврдени случаја во сојузната држава Западен Бенгал. Случаите, како што истакнаа од министерството за здравство, биле откриени во декември. Од нив биле идентификувани вкупно 196 контакти кои завршиле во карантин, биле тестирани и сите биле негативни.
Нипа е зоонозен вирус што за првпат беше идентификуван во Малезија во 1990-тите. Се шири преку лилјаци, свињи и со контакт од човек на човек. Не постои вакцина за вирусот, кој може да предизвика силни трески, проследени со грчеви и повраќање. Проценетата стапка на смртност на вирусот е меѓу 40 и 75 проценти што, според СЗО, ја прави Нипа посмртоносна од коронавирусот.
Нема пријавени случаи на Нипа надвор од Индија, но Тајланд, Индинезија, Виетнам и Кина ги зајакнаа мерките за здравствен скрининг на аеродромите како мерка на претпазливост. Властите во Мјанмар, пак, апелира до своите граѓани да избегнат непотребни патувања во Западен Бенгал.
Претходни епидемии на Нипа беа пријавени во Западен Бенгал во 2001 и во 2007 година, додека неодамна беа откриени случаи и во сојузната држава Керала, каде во голема епидемија во 2018 година починаа најмалку 17 лица.
С.Д.
