Превозниците втор ден на блокади, бизнис секторот под притисок.
И денеска професионалните превозници од Македонија, Црна Гора, Србија и БИХ ги паркираа своите камиони на граничните премини и бараа ЕУ да најде ново решение со кое нема да се сметаат како туристи во земјите од шенген зоната.
Од друга страна од бизнисот тврдат дека ваквите блокади ќе предизвикаат сериозни штети и големи загуби за стопанството. Ги подржуваат превозниците во нивните намери, но сметаат дека има друг начин за решавање на проблемот. Камионџиите пат велат дека коморите одамна се запознаени и известен за проблемот и за ваквите блокади.
Известени се поодамна дека ќе се случува ова, плачар заради загуби, но тоа е што е ние сме тука и ќе седиме се додека не се решат сите овие работи. Ако за седум дена не се зварши со сето ова ако нема позитивна реакција од таа страна, да се седне да се разговара веројатно ќе се направи мала пауза но повторно ќе се продолжи со блокадите. Знам дека Србија и БИХ они нема воопшто да престанат со блокирање се додека нема завршница за сето ова. Исто и Црна Гора, изјави Алаександар Чапаратков, превозник
За проблемот надлежните во земјава велат дека се преговара. Последно премиерот Мицксоки соопшти дека ја чека претседателката на европската комисија да се врати од службен пат за да разговара.
Вчера побарав телефонски разговор со претседателката на Европската комисија, таа е службено отсутна во Индија, очекувам деновиве да се слушнам и повторно да ја отвориме оваа тема и заедно со колегите од регионот повторно да ја ставиме оваа тема на маса“, рече Христијан Мицкоски.
Со правилата на ЕУ превозниците од Западен Балкан имаат право во период од 6 месеци да престојуваат 90 дена во земјите од шенген зоната. Според, превозници ваквото правило ќе нанесе огромни штети не само на транспортниот сектор, туку и на целокупната економија. Велат дека со блокадите и тие доста губат, но дека не гледаат друг начин, да издејствуваат ЕУ да го промени својот став.
Една од претпоставките кај нив за ваквиот потег на Европа е тоа што таму има недостаток на професионални возачи и дека на овој начин се обидуваат да ги натераат превозниците од регионот да заминат да работат таму.
Правилото 90 во 180 дена не е ново, но велат не е иста ниту шенген зоната затоа што во последните години таму влегоа Хрватска, Бугарија и Романија.
Во земјава има над 2.700 превозници во меѓународниот транспорт, а увозот и извозот на домашната економија најмногу се одвива по патен сообраќај.
Ирена Чачкова
Б.С.
