Вести Економија Македонија Топ вести

(видео)Врнежите ги наполнија речните корита, во струмичко Муртино реката се излеа на неколку места

Долгите врнежи во Струмичко ги наполнија речните корита во регионот, но и нивите на земјоделците. Долга ноќ имаа пред себе земјоделците од селата Муртино, Моноспитово, Костурино.

Реката што минува низ село Муртино се излеа на неколку места од коритата при што мораа да интервенираат земјоделците од селото со своја механизација, но и од струмички Комуналец.

Се правеа насипи, се одлеваа поплавени ниви и пластеници. Од рано утро жителите на Муртино беа во обиколка да ги согледаат последиците од невремето и штетите.

  • „Беше страшно. Водата надојде, моравме да реагираме. Поплавени се нивите, особено зелката“, вели земјоделец од с.Муртино.
  • „Дојде механизација, инаку само немаше да можеме да ја спречиме водата“, додава друг жител на Муртино.

Големи штети пртрпе и семејство сточари од Костурино. Како што информираат од Општина Струмица, семејството Колеви пријавиле дека водата им однела околу 120 јагниња.

Нa социјалните мрежи се сподели и видео во кое се гледа како водата го разурнува трлото. Според Управaта за хидрометeреолошки рабoти, во Струмица наврнале 20 литри вода на метар квадратен.

И денеска врне во Струмица, иако со послаб интензитет од вчера. Допрва ќе се види колкави штети има по земјоделските култури.

Сузана Мицева

 

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Петрушевски: Претходната влада го дуплира долгот што го направиле сите влади од осамостојувањето

Sasko Dimovski

Нула резултати, економски дебакл, лажни ветувања, рекорден долг на државата – оценка на Тренчевска за двегодишниот учинок на владата на ВМРО-ДПМНЕ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе