Вести Економија Најважни

Пенали, прекинати договори, застој во производството – економските последици од блокадите

Бизнисот со предупредување – загубите на стопанството ќе бидат огромни поради блокадите на превозниците. Точна пресметка колку би изнесувале нема, но тврдат дека бројките ќе бидат сериозни. Целосно ги поддржуваат превозниците во својата намера, но сметаат дека проблемот треба да се решава на друг начин, а не со блокирање на граничните премини.

„Тука можеме да ги вметнеме елементите, доколку не испорачате одреден производ до дадена дестинација на Европска Унија, да имате и пенали да плаќање, понатаму намаленото производство што ќе се одвива во нашата држава поради недостаток на одредени суровини, затоа што нема да можат да се увезат, така да мултидимензија има самиот овој проблем и потребно е време да се реши, изјави Горан Ѓорѓиевски, претседател на ССК.

Од ССК сметаат дека проблемите од овој потег на Европа се многу пошироки без повеќе да коментираат за тоа.

И од најголемата комора во земјава излегоа со допис во кои посочуваат дека блокадите не се решение за проблемот.

„Засега никој неможе да каже колкави ќе бидат загубите, бидејќи тие ќе бидат по повеќе основи: пенали за задоцнета испорака, откажување на договори, намалено производство, нереализиран извоз, неможност за навремено производство ради недостаток на суровина, итн, но сигурно е дека загубите ќе бидат од големи размери што не е во ничиј интерес“, се вели во дописот од Стопанската комора 

Соопштија и дека минатата недела, заедно со коморите од Западен Балкан, упатиле апел до претставниците на Европската комисија со кој очекуваат земјите членки да усвојат мерки за да им се овозможи на професионалните возачи без ограничувања да го вршат меѓународниот транспорт, до моментот на изнаоѓање на трајно решение.

Превозниците најавија седум дена блокади на граничните премини поради тоа што им се ограничува престојот во земјите од Шенген зоната на 90 дена во вкупно 180 дена. Правилото не е ново, но македонските камионџии велат дека Шенген зоната не е иста. Во последниве неколку години во неа влегоа Хрватска, Бугарија и Романија.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе