Над 5.000 тони мазут од државните резерви побара ЕСМ поради прогласената кризна состојба, што претставува половина од вкупните залихи. Од компанијата уверуваат дека мазутот ќе се користи само доколку нема друг енергенс, за да се обезбеди континуитет во производството на струја.
Кризната состојба беше воведена поради отежнат увоз, а од ЕСМ тврдат дека снабдувањето со електрична енергија останува стабилно.
Дел од познавачите, пак, коментирајќи го она што го прочитале во медиумите велат дека можеби немало потреба од прогласување кризна состојба освен ако за тоа немало други причини.
