Нексус Нексус-Глобален магазин

Светската програма за храна повика на отворање повеќе премини во енклавата за итна дистрибуција на храна

Агенцијата на Обединетите нации за помош во храна успеа да дистрибуира пакети со храна до еден милион луѓе во Газа по кревкото примирје меѓу Израел и Хамас. Три недели по примирјето, Светската програма за храна повика на отворање повеќе премини во енклавата за да се зголеми итната дистрибуција на храна. Примирејто се уште е на сила, но хуманитарната состојба е критична.

-Она што ни треба сега е обем. Она што ни треба сега е обем за да ја ублажиме ситуацијата на терен. Луѓето се уште се очајни. Луѓето се уште се гладни. Луѓето гладуваат. Луѓето немаат соодветна хуманитарна поддршка од целиот хуманитарен сектор, вели Рос Смит, директор за подготвеност и одговор во вонредни ситуации на WFP.

ОН процени дека 700.000 луѓе добивале свеж леб дневно, снабдуван преку 17 пекари, но според Смит тоа не е доволно.

-Видовме добар напредок во некои од механизмите за координација и некои од пречките што ги имавме во минатото во нашето логистичко работење, но тие сè уште се проблем за нас. Потребно ни е сите премини да бидат отворени. Во моментов има само два. Потребно ни е сите внатрешни патишта во Газа да ни бидат достапни, а во моментов не се. И ни треба брзо движење и олеснување на нашите конвои низ премините. Но, во моментов тоа е сè уште проблем. Значи, ова е еден од големите предизвици. Исто така, имаме многу партнери кои сè уште не се овластени да работат во Газа. Овие партнери се важни за другите сектори, за здравството, за водата, санитарни услови, за секторите за засолништа, а тие треба да можат да работат и во Газа, објаснува Смит. 

Дека храната не им е доволна потврдуваат и самите Палестинци. По две години разорен конфликт, стотици илјади семејства сè уште имаат итна потреба од храна.

Изјава прва за титл – Нермин Трамси,  во второто видео -раселена жена од градот Газа

-Ја добивме оваа кутија со помош, секако, не е доволна за да се прехраниме. Нашите основни потреби ги надминуваат оние што ги нуди овој пакет, ако го споредиме ова со помошта што доаѓа, тоа не е ништо. На едно семејство му се потребни и други производи – не само грав и ориз, додава Смит.

Конвои камиони со помош, натоварени со картонски кутии и покриени со церади, се движат низ шатори. Децата навиваат додека камионите поминуваат. Луѓето товарат пакети со помош на велосипеди, други ги носат дома пеш. Неколкумина користат колички влечени од магариња. Сепак Зијад Абу ал-Џазар, раселено лице од Рафа, вели дека камионите поминале, но помош не била дистрибуирана.

-Околу 300 до 350 камиони, дење и ноќе, преминуваат, но не видовме ништо од нив. Само видовме камиони како преминуваат и само чекаме. Откако прекинот на огнот започна на 10-ти, камионите почнаа да пристигнуваат. Досега, не видовме ништо. Ниту една организација, ниту меѓународна помош, ниту една организација не дојде тука и не ни дистрибуираше помош. Само сакаме да знаеме каде одат овие автомобили? изјава, Зијад Абу ал-Џазар, раселено лице од Рафа.

-Зборувам во мое име и во име на многу други семејства. Без разлика колку евтина станува храната, луѓето сè уште не можат да си ја дозволат. За време на војната, потрошивме сè што имавме само за да преживееме кога цените беа високи, а стоките оскудни, вели Худа, локален жител.

Според податоците, секое семејство во Газа добило намалена порција од еден пакет со доволно храна за 10 дена. Агенцијата на ОН изјави дека ова е првата рунда редовна дистрибуција на пакети со храна од април. Агенцијата моментално управува со 44 активни точки за дистрибуција на храна низ Газа, наспроти целта од 145.

К.К.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

COP30: Можат ли новите позелени горива да ја прочистат бродарската индустрија?

Дејан Дејан

Јаглеродните кредити – добра можност пропуштена поради алчност

Дејан Дејан

Климатски промени забрзано го поттикнуваат топењето на глечерите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе