Вести Македонија Најважни

Анкета: Мнозинството млади во Македонија со позитивно мислење за ЕУ, речиси половина, пак, не веруваат дека земјата некогаш ќе стане членка на блокот

Мнозинството млади луѓе во земјава гледаат позитивно на Европската Унија (ЕУ), но речиси половина не веруваат дека државата некогаш ќе стане членка на Унијата, што го потврдува растечкиот евроскептицизам кај младите во земјите кандидати за членство во блокот, се наведува во публикацијата „Справување со младинскиот евроскептицизам на Западниот Балкан: Случајот на Северна Македонија“.

„Овој јаз помеѓу надежта и реалноста, интересот и недовербата, европската идеја и домашните предизвици, ја формира основата на младинскиот евроскептицизам. Затоа е потребна итна партнерски координирана и долгорочна акција во земјите кандидати за членство во ЕУ, што ќе ги препознае младите како креатори, а не само како публика, ќе ги адресира економските и институционалните бариери, ќе ги поврзе младите луѓе со конкретни европски програми, содржини и платформи и ќе ја направи комуникацијата на ЕУ релевантна, двонасочна и транспарентна“, се наведува во публикацијата.

Во неа се посочува дека мора да се има предвид дека младите луѓе во земјава не се пасивни набљудувачи, туку активни актери кои бараат простор, перспектива и партнерство.

„Европа нема да биде комплетна без нив, а процесот на проширување нема да успее без нивно значајно вклучување“, се нагласува во документот.

За потребите на публикацијата кон крајот на јуни 2025 година во соработка со студентската платформа „Студентарија“ е спроведена анкета со која биле опфатени 1.000 млади луѓе од земјава, од кои 81,5 отсто студенти на додипломски или постдипломски студии, како дел од пошироката анализа на ставовите на младите кон ЕУ, изработена со учество на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУEП) од Скопје, Европскиот центар за извонредност (ЕЦЕ) од Брисел и либералната Фондација „Фридрих Науман“.

Кога станува збор за иднината на земјата во ЕУ, истражувањето покажува дека 46,5 проценти од испитаниците не веруваат дека државата некогаш ќе стане членка на ЕУ, додека 35,8 отсто веруваат дека членството е можно, но во подалечна иднина. Само 6,7 проценти веруваат дека земјата ќе може да стане членка на ЕУ во текот на следните пет години, додека 11 отсто не знаат или немаат мислење за ова прашање.

Како причини кои ги сметаат за најголема пречка за интеграција на земјата во ЕУ, дури 84,6 отсто од испитаниците ја посочиле „корупцијата“. По неа, со 61 отсто следуваат „билатералните спорови“ и со 60 проценти „ниската доверба во институциите“.

Кога станува збор за иднината на земјата во ЕУ, истражувањето покажува дека 46,5 проценти од испитаниците не веруваат дека државата некогаш ќе стане членка на ЕУ, додека 35,8 отсто веруваат дека членството е можно, но во подалечна иднина. Само 6,7 проценти веруваат дека земјата ќе може да стане членка на ЕУ во текот на следните пет години, додека 11 отсто не знаат или немаат мислење за ова прашање.

Кога станува збор за причините кои ги сметаат за најголема пречка за интеграција на земјата во ЕУ, дури 84,6 отсто од испитаниците ја посочиле „корупцијата“. По неа, со 61 отсто следуваат „билатералните спорови“ и со 60 проценти „ниската доверба во институциите“.

Интересен податок е и дека приближно 60 отсто од испитаниците оцениле дека членството на земјата во ЕУ нема да ја намали емиграцијата на младите луѓе.

Според директорот за политика и комуникација во Европскиот центар за извонредност, Бојан Кордалов ваквите резултатите се сериозен аларм и повик за акција.

– Доколку на младите луѓе во земјите кандидати за ЕУ не им се понудат вистински можности, стабилност и разбирање, тие би можеле се повеќе да престанат да ја гледаат иднината на својата земја во ЕУ, вели Кордалов.

Според него, поради ова е потребна нова, искрена и поблиска комуникација со младите, преку силни партнерства меѓу ЕУ и земјите кандидати за членство со младите, заедно со конкретна економска и демократска поддршка достапна за секој млад човек.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

СДСМ откри сомнителни тендери вредни над 100 милиони евра поврзани со владејачката партија, потенцираше Филипче во Вин Вин

Дејан Дејан

Филипче во Вин Вин за контроверзите за „Златната виза“ во Дубаи: Тоа е една вулгарна верзија на тоа што сака ВМРО ДПМНЕ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе