Моќно торнадо во бразилската сојузна држава Парана усмрти шест лица и повеќе од 400 се повредени.
Торнадото достигнало брзина од над 250 км/ч и уништи десетици домови.
Владата прогласи вонредна состојба во погодениот регион.
Според официјалното соопштение, едно лице се води како исчезнато. Пет од загинатите се возрасни, а шестата жртва е 14-годишно девојче.
Вкупно 437 лица, вклучувајќи деца и бремени жени, добиле медицинска помош во болници и на терен. Од нив, најмалку 10 биле оперирани, а девет лица остануваат во сериозна состојба.
