Две лица од Дебарскиот регион се лишени од слобода осомничени за грабнување и полов напад врз 30-годишна жена.
Според МВР, на 6 ноември околу 19 часот, осомничените ја извлекле жената од дворот на нејзината куќа, ја однеле во возило и ја затвориле во напуштена зграда кај Струга, каде еден од нив полово ја нападнал.
По инцидентот, жртвата била однесена во болница.
Двајцата сторители се уапсени, а против нив е поднесена кривична пријава.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
