Вести Македонија

Петмина прилепчани се лишени од слобода за кражба на огревно дрво

Петмина прилепчани се лишени од слобода за кражба на огревно дрво. Од мвр инфрмираат дека  На регионалниот пат кон с.Тројаци, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.Н. од Прилеп затоа што бил затекнат во патничко возило „фолксваген пасат” со скопски регистарски ознаки, натоварено со нежигосано огневно дрво. Исто така, на регионалниот пат кон  с.Тројаци, од слобода е лишен и дваесет и тригодишниот А.А. од Прилеп поради сомнение за кражба на огревни дрва и во неговото патничко возило „фиат” со кичевски регистарски ознаки  биле пронајдени нежигосани огревни дрва и моторна пила.  На регионалниот пат кон с.Царевич, пак прилепско, полициски службеници го лишале од слобода В.С. од Прилеп затоа што при преглед во неговото патничко возило „опел” со скопски регистарски ознаки биле пронајдени исто така нежигосани огревни дрва. Со бесправно исесени огревни дрва во од страна на полицијата биле фатени и двесет и едно годишниот А.Р. и двесет и две годишниот Р.А. и двајцата од Прилеп. Од МВР истакнуваат дека дрвата се предадена на шумска полиција, а по документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе