Вести Македонија

Стигаат нови лектири – основците ќе читаат повеќе

По шест години, повторно се менува списокот на лектири за учениците од второ до деветто одделение. Учениците ќе имаат повеќе книги за читање, особено во пониските одделенија. Така, второодделенците наместо досегашните две задолжителни лектири ќе имаат три, меѓу кои и „Сказни“ од Браќата Грим, а ќе треба да изберат и една повеќе од изборните.

Во трето одделение исто така се додава нова задолжителна книга, додека во повисоките одделенија бројот на лектири останува ист, но со промена на статусот – некои задолжителни стануваат изборни и обратно.

Од Министерството за образование и наука велат дека измените се прават затоа што учениците се помалку покажуваат интерес за читање на постојните лектири, кои често им биле тешки за разбирање.

  • „Преку лектирите треба да развиваат и одредени вештини. Во лектирите кои се предложени сега се промовираат училишна средина, пријателство, идентитет, култура, однос кон родители, однос кон деца со попреченост“, изјави Весна Јаневска, министерка за образование и наука.

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието започнаа јавна расправа за новиот предлог-список. Расправата ќе трае до крајот на ноември. По нејзиното завршување, Бирото за развој на образованието ќе ги анализира пристигнатите предлози и ќе ја предложи финалната листа која би можела да се применува од наредната учебна година.

  • „Новиот пристап при изборот на лектирите се темели на неколку критериуми: програмска усогласеност, соодветност на возраста, книжевна вредност, тематска релевантност и инклузивност“, соопштија од Биро за развој на образованието.

Последните измени во списокот на лектири беа направени во учебната 2019/2020 година. Од тогаш, наставници и родители повеќепати реагираа дека дел од делата се застарени и премногу сложени за возраста на учениците.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе