Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага против четири лица – двајца мажи и две жени – поради кривично дело разбојништво. Осомничените со употреба на сила одзеле 200.000 денари, мобилен телефон и лична карта од жртвата на 30 октомври во Скопје. Според обвинението, оштетениот отишол во мотел со една од жените, која потоа го убедила да повика уште една жена. Кога излегле од собата, двајцата мажи го нападнале оштетениот во темниот двор, удирајќи го со боксови додека не паднал, по што му ги одзеле парите и личните предмети. Јавниот обвинител предложи притвор за сите четворица осомничени поради опасност од бегство и можност да го повторуваат делото. Притворот за една од жените, која е во бегство, ќе се применува по нејзиното пронаоѓање и лишување од слобода.
Од љубовна средба до разбојништво, маж ем бил претепан ем покус за 200.000 денари
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
