Вести Свет

Дидие Рејндерс осомничен за перење пари]

Поранешниот еврокомесар за правда и долгогодишен белгиски министер, Дидие Рејндерс, и официјално заработи обвинение за перење пари, објавија белгиските медиуми. Обвинението е поднесено откако тој бил сослушан од истражните органи на 16 октомври. Рејндерс се сомничи дека „перел“ пари со сомнително потекло преку купување ваучери за игри на среќа во готовина, чија вредност се движи од едно до 100 евра, а потоа средствата од тие ваучери ги префрлал на својата лична сметка. Истражните органи сметаат дека ваквите активности траеле повеќе од една деценија, при што на овој начин биле испрани меѓу 800.000 и еден милион евра. Истрагата започнала по пријава од белгиската „Национална лотарија“ во 2022 година за сомнителни трансакции. Во рамките на случајот извршени се претреси во неговиот дом во Брисел, во куќа во местото Висул, како и во антикварница во сопственост на трговец со антиквитети, од кого Рејндерс тврдеше дека купувал уметнички дела. Рејндерс, кој беше белгиски министер за финансии, надворешни работи и одбрана пред да стане еврокомесар во 2019 година, ги негира обвинувањата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе