Трагична сообраќајна несреќа се случи попладнево меѓу две патнички возила, на патниот правец Прилеп – Росоман, во близина на селото Радобил.
Две лица го загубиле животот при директниот судир на автомобилите, кој се случил при претекнување.
Во сообраќајната несреќа повредени се пет лица , од кои три се пренесени во болницата во Прилеп а две во болницата во Кавадарци.
Дежурен обвинител од ЈО Прилеп извршил увид на местото на настанот и издал наредби за прибирање на траги и докази, како и изработка на сообраќајно и машинско вештачење на возилата кои учествувале во несреќата.
