Градоначалникот најпрво ќе се соочи со финансиската состојба кога ќе влезе во Општината, дел од фактурите и побарувањата кои што не се доставени досега, ќе дојдат за доспевање, ќе се соочат со ограничен кадар за реализација на програмите, ќе се соочат со ограничени планови, со ограничена техничка документација, посочи универзитетскиот професор Борче Треновски во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„За реализација на најголем дел од проектите ќе се соочат со определени предизвици, меѓу кои се и финансиските. Капиталните инвестиции се реализираат од 20 до 80 проценти. Замислете, просекот на реализација на капиталните инвестиции долго време беше половина со години наназад, тоа влијае врз довербата кон нашите градоначалници и општини“, вели Треновски.
Даночните приходи, продолжи тој, се само една четвртина од буџетот на општините.
„Имаме рурални општини со стотина илјади евра буџет. Соптвени, а треба да реализираат капитални инвестиции“, истакна Треновски.
С.Д.
