Општините, генерално, располагаат со многу ограничена приходна структура и понатаму во голем дел зависат од централниот буџет и од блок дотациите кои што се поврзани со пренесените надлежности, истакна Благица Петрески од Фајнанс Тинк во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„И оној дел кој го прибираат општините од сопствени средства, многу ограничено учествува во нивните вкупни приходи, каде што имаат маневарски простор за слободно трошење на нивните средства. Кај најуспешните општини може да забележиме дека најголемо извршување на буџетот имаме кај делот на плати и услуги. Во делот на капиталните расходи се многу ограничени, односно имаме ограничен износ на алокација на средства, но и алоцираните средства имаат најниска стапка на реализација. Таа во просек е 68 проценти“, вели Петрески.
С.Д.
