Вести Македонија

Филков: Ниска конкурентност на тендерите и прекумерна употреба на најниска цена како критериум се нотираат во извештајот на ЕК во делот на јавните набавки

Критиките во извештајот на Европската комисија во делот на јавните набавки овојпат се однесуваат на ниската конкуренција на тендерите, истакна Герман Филков, од Центарот за граѓански комуникации, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„По долги години раст, првпат лани забележа пад Годината исто така очекуваме пад. Падна под три учесници на тендер, а долго стигнувавме до три, дојдовме и до 3,03, сега паднавме на два. Второто поле на критика е прекумерното употребување на најниската цена како критериум за донесување на одлуката кој ќе го добие тендерот. Најниската цена не само што не овозможува да се купи најисплатливиот производ или услуга, туку најниската цена, исто така, најлесно овозможува најлесно да се намести тендерот “, вели Филков кој додаде дека на неколку места во извештајот се забележува за немањето контрола во јавните набавки.  

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе