Извештајот на Европската комисија и она што беше напишано во него не е ништо ново, истакна универзитетскиор професор Борче Треновски во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Јасно е дека фискалната позиција на нашата држава не е сјајна, односно долго споменуваната фискална одржливост треба да ѝ посветиме поголемо внимание. Во смисла дека фискална одржливост не значи дека вие не можете да го враќате долгот, туку ќе бидете во ситуација да правите такви промени и кратења во вашите политики што ќе наштетите на определени социјални, економски и други програми кои ги имате во вашиот буџет“, смета Треновски.
Забелешките, додаде тој, покажуваат дека на позитивната страна стои растот кој е поддржан генерално од јавните инвестиции и приуватната потрошувачка.
„Исто така е спомнато дека сме подготвени во делот на конкуренција, односно позитивно придонесуваат реформите во дигитализацијата, образованието, посебно во средното стручно образование. Тие се наведени како посветли точки. На другата страна се долго познатите стари болки, едната е поврзана со јавните инвестиции и нивните ефекти. Втората работа е долго споменуваната неформална економија Тоа е најголемиот резервар кој согласно сите пресметки може за 30-40 проценти да гозголеми потенцијалот за раст на нашата земја., Значи една третина од таа економија е таму, таа влијание и на конкуренцијата, и на пазарот на труд и на економскиот потенцијал и на сите варијабли кои ги имате“, дополни Треновски.
С.Д.
