Вести Македонија

Секое преминување улица е ризик – пешаците бараат поголеми контроли

Граѓаните не се чувствуваат  безбедно кога треба да поминат на пешачки премин. Пред камера зборуваат за моменти кои ги преживеале, кога преминувајќи на пешачки можеле да загинат. Велат дека внимаваат колку што можат, а надеж за побезбеден сообраќај гледаат во поставените камери за безбеден град кои е најавено да профункционираат за помалку од два месеци. Сметаат дека треба да има и што повеќе полициски контроли.

„Не се чувствувам безбедно на пешачки премин. Од причина што пред година дена на булеварот „Партизански одреди“ јас преминував од пазарче Буњаковец неколку коли ми застанаа и таман тргнав да преминам улица одеднаш на последната лента еден млад дечко со скапа кола ќе не удреше. Среќа што ние застанавме.“

„Внимавам кога преминувам на пешачки бидејќи се вози многу лошо. Ќе видиме во иднина како ќе биде со камерите кои се поставени.“

„Кога поминувам на пешачки внимавам колку што можам повеќе. Треба да има повеќе контроли, има луѓе што возат и без возачка дозвола“, сметаат жителите.

Пешаците со кои разговаравме велат дека потребно е поголемо внимание. Секој пешак треба неколку пати добро да погледне пред да премине улица.

„Вината за прегазените пешаци ја гледам кај нив. Ако некој чека и премине кога ќе може тогаш нема да биде прегазен“

„Треба малку повеќе да се отворат очи затоа што насекаде има несовесни возачи, односно треба пешаците да бидат малку повнимателни затоа што не се знае од која страна ќе ти дојде автомобил“, додаваат останатите граѓани.

Во земјите на Европската Унија, годишно во сообраќајни несреќи гинат околу 20 илјади луѓе- според податоците на Еуростат, во 2023-та загинале 20.380 луѓе на патиштата. Најмногу, процентуално гинат во Бугарија и Романија- по 81 човек на еден милион жители, а најмалку се гине во Шведска. Сепак, од 2013-та наваму, во ЕУ е забележан пад на жртвите на сообраќајот за 16%. Секоја 5-та жртва на сообраќајките во ЕУ односно 18,34% е пешак или во 2023-та загинале 3.717 пешаци. Тоа е како вкупниот број на жители на општина Дебарца или на Росоман. Истата 2023-та, во Македонија загинале 127 луѓе што е околу 70,6 во милион жители, покажуваат податоците на МВР. Тоа е на ниво на Хрватска и во врвот на просекот во ЕУ. Но за разлика од Унијата, каде се намалува бројот на сообраќајните жртви во Македонија се зголемил на 142 загинати во 2024-та. Или 78,9 луѓе на милион жители.

Само во последните неколку дена, низ Македонија се случија повеќе тешки сообраќајни несреќи. Во центарот на Скопје загина велосипедист кој бил удрен додека преминувал на пешачки премин, 79-годишна жена беше прегазена кај гимназијата „Јосип Броз – Тито“, а 11-годишно девојче беше удрено на улицата „Перо Наков“. Во Кичево десетгодишно девојче се бори за живот по несреќа на магистралата Охрид–Кичево, а во друг инцидент на кејот на Вардар пред неколку месеци 68-годишен пешак почина на лице место.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе