Изборниот законик треба да стане тема во постизборниот период, но во моментот кога ќе се отвори, неколку работи се поука од овие избори, смета Илија Димовски, поранешен пратеник во Собраниието, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Прво, мислам дека треба да примениме европски модел кој штоправо разлика во правото на глас за локални избори од државни избори, под нив разбирам претседателски и парламентарни. Во голем дел од државите во Европската Унија, правото на глас на локални избори не е поврзано директно со државјанството, односно со статусот граѓанин, туку е поврзано со местото на реално живеење. Има случаи во држави на Европската Унија, луѓе кои што не се граѓани на именувана држава, да имаат право на глас на локални избори, затоа што живеат година, две, три пет во одредена локална средина, а граѓани кои не живеат во таа средина, иако по адреса им се водат документите таму, да го немаат правото на глас на локално ниво. Мислам дека е некоректно луѓе кои што имаат постојано живеалиште во Базел, во Цирих, во Берлин да одлучуваат за прашања кои што се поврзани со секојдневното живеење“, истакна Димовски.
Второто прашање вредно за анализа, според него, е цензусот од 33 посто во првиот круг. Димовски смета дека треба на маса да се стави намалување или укинување на цензусот за избор на градоначалник во првиот круг, заедно во пакет со намалување или укинување на цензусот за избор на претседател на држава.
С.Д.
