Коалицијата на централно ниво, функционираше и на локално ниво на изборите, истакна Имер Селмани, поранешен пратеник во Собрание, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Имаше директен натпревар во Долнени, кандидат на ВЛЕН со кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, во Брвеница исто така. Заврши 1:1, кандидатот на ВЛЕН доби во Долнени, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ доби во Брвеница. Меѓутоа, коалицијата со синоќешните завршни резултати во Струга се виде очигледно дека функционираше, а исто така и на ден пред изборите во Кичево, изјавите на Фатмир Лимани, кој за малку гласови не влезе во вториот круг, апелира до граѓаните да гласаат за подобриот, а не по етничка линија“, нагласи Селмани.
С.Д.
