Вести Македонија

Селмани: ВЛЕН далеку подобро се позиционира во однос на ДУИ за наредните парламентарни избори

Она што ги дефинира веќе наредните парламентарни избори е далеку подоброто позиционирање на „Влен“ како коалиција во однос на ДУИ и опозицијата која што настапуваше како АКИ, нагласи Имер Селмани, поранешен пратеник во Собранието, во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма.

„И самите Влен можеби ќе беше презадоволен со плус едно освоено градоначалничко место, меѓутоа оваа убедлива победа од повеќе од 2:1 во однос на освоени градоначалнички места за нив, се разбира дека е огромна победа која што ги гаси сите дилеми, не само кој е победник, туку и околу легитимитетот на продолжување на учеството во владата и владината коалиција. Меѓутоа и на она што беше најавено како референдум дека на овие избори, во зависност од резултатите кај албанскиот политички кампус, ќе има или ќе нема предвремени избори. Гласачите на некој начин рекоа, „дајте, продолжете, направете добри дела таму каде што победивте, ве задолжуваме дупло, затоа што сега сте ина централно и на локално ниво и сето тоа што го ветивте е време да го исполните“, изјави Селмани.

Одговорноста на Влен, истакна Селмани, сега е огромна, но паралелно со тоа, смета дека ќе следува и нивно внатрешно организирање, бидејќи, како што рече, „внатре во коалицијата има двајца лидери кои ја потврдија својата моќна позиција со победите на Изет Меџити во Скопје (Чаир) и на Билал Касами во Тетово.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе