Вести Македонија

Куќен притвор за осомничени за организирање борби со кучиња во битолско село

Кривична постапка поведе Основното јавно  обвинителство Битола  против две лица од Македонија, како и против еден грчки и еден косовски државјанин, поради сомнение за организирање борби со кучиња во битолското село Црнеец.

Според обвинителството, 44-годишен посредник и 43-годишник кој во дворот на семејната куќа подготвил заграден ринг, се осомничени за кривично дело „убивање и мачење животни“ по член 233 став 3 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Настанот се случил на 1 ноември во вечерните часови, кога заради користољубие, осомничените организирале борба помеѓу куче од расата „пит бул“, сопственост на грчки државјанин, и куче од расата „американски стафорд“, сопственост на косовски државјанин. Кучето „пит бул“ се здобило со повреди од угризи, а борбата ја следеле повеќе лица од Македонија, Косово и Грција.

При интервенција на полицијата, кај присутните биле пронајдени парични средства во евра и денари, додека сопствениците на кучињата успеале да побегнат. Од обвинителството наведуваат дека тие се идентификувани и по нив се трага.

Јавниот обвинител доставил предлог за притвор за македонските државјани, но Основниот суд во Битола им одредил куќен притвор.

Битолското обвинителство најави жалба на одлуката.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе