Вести Економија Најважни

За два и пол пати зголемен извозот на македонското јајце – празни рафтови во дел од домашните маркети

Во дел од домашните маркети местото резервирано за јајцата е празно. Ваква слика веќе извесен период забележуваат купувачите. Вработени во некои од поголемите ланци не информираа дека јајца добиваат, но очигледно во помали количини и рафтовите се празнат многу бргу.

Дел од големите производители пак за Телма брифираат дека во  секторот има многу кои се одлучуваат поголем дел од производството да оди за извоз во други земји, каде добиваат повисока цена и она што ќе остане го пласираат на домашниот пазар. Најчесто одат за  Грција, но и во други држави.

Дека македонското јајце се повеќе оди за извоз може да се види и од бројките на Државниот завод за статистика. Тие покажуваат дека извозот на јајца во првата половина годинава, споредено со истиот период лани во килограми е зголемен два и пол пати, а вредноста на извозот е речиси три пати поголема.

Од јанауари до јуни годинава, извезени се нешто повеќе од 4 милиони килограми јајца. Лани пак во истиот период на странските пазари пласирани се нешто повеќе од 1 милион килограми јајца.

Ако се погледнат и податоците за вредноста на извозот ќе се види дека е зголемен за 4, 3 милиони евра. Односно во првите шест месеци извозот на јајца изнесувал 6, 7 милиони евра, а лани за истиот период на странските пазари се пласирале јајца во вредност од  2, 4 милиони евра.

Токму од овие податоци се гледа дека драстично пораснал извозот на јајца годинава во споредба со лани.  Најголемата  разлика се гледа во јуни кога е направен извоз од над 1 милион килограми јајца. Истиот месец лани пак извозот на јајца изнесувал речиси 300 илјади килограми.  Разликата во вредност пак е уште поголема. Па, така во јуни годинава направен е извоз од 1, 7 милиони евра, лани пак изнесувал околу 390 илјади евра.

Паралелно расте и увозот. Од бројките на статистика се гледа дека двојно е зголемен увозот на јајца во килограми, а скоро тројно е порасната вредноста. Сепак, годинава драстично повеќе се извезува отколку што се увезува.

Дел од производителите пак кои ги контактиравме велат дека ова што се случува е евидентно уште од самиот старт на годинава.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе