Вести Економија Македонија Најважни

За една година над 17 илјади помалку вработени – една пензија обезбедуваат 1,63 вработени лица

Само 1, 63 вработени ги обезбедуваат примањата за еден пензионер. Ова се добива откако ќе се пресмета бројката за официјално вработените лица и онаа за корисници на пензија кои стојат во последниот извештај за работа на Фондот за пензиско за минатата година.

Иако, во извештајот на Фондот пишува дека во 2024 година 1,70 вработени издржуваат еден пензионер, од бројките на вработени (556 294) и пензионери (339955) може да се забележи дека всушност 1, 63 вработени ја финансираат пензијата на еден пензионер.

Но, ваквиот сооднос е резултат на тоа што лани бројот на официјално вработените лица со платени придонеси се намалил за над 17 илјади, во споредба со 2023 година. Од документот на ПИОМ може да се  види и дека ова е најголемо намалување на бројот на вработени со платени придонеси  во последните 15 години.

Дури ни во ек на пандемијата на корона вирусот немало вакво намалување. Па, така во 2020 година биле изгубени 10 илјади работни места, лани 17 илјади, а сите други години  бројот растел.

Прашавме и во Влада на што се должи ова големо намалување на бројот на формално вработените. Но, од таму се уште се чека одговор.

Од една страна бројот на вработени опаѓа, а од друга повторно се најавува ново зголемување на пензиите од 1.000 денари на есен и уште толку идната година во март. Но,  еве што велат пензионерите во анкетата на Телма за ова покачување.

  • 1.000 денари ?? па само еден лек е 1. 000 денари за пензионери..  а оние што имаат по 12, 14 по 15 илјади денари што да прават тие
  • Фантазија поголеми пари во живот не сум примил,
  • Има луѓе со помали пензии им треба повеќе

За состојбата во која се наоѓа ПИОМ се зборува со години. Од бројките може да се види се повеќе растат трансферите на пари од буџетот во фондот.

Па, така лани од државната каса таму биле префрлени речиси 700 милиони евра. Многу повеќе од претходната година. Но, она што е интересно е тоа што повеќе  од половина од овие средства се користат за покривање на тековниот дефицит.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе