Спорт Тенис

Годините се само бројка: Ѓоковиќ го преслуша Алкараз за 50-то грен слем полуфинале (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Австралија опен откако го совлада Карлос Алкараз во четири сета. Српскиот тенисер и на 37 години покажува дека и натаму е еден од најдобрите во светот.

Ѓоковиќ го победи третиот фаворит на турнирот со пресврт, бидејќи го загуби првиот сет со 4-6, но потоа врати со 6-4, 6-3 и 6-4 за пласман во неговото 12-то полуфинале во Мелбурн, а 50-то во кариерата на грен слем турнирите. Србинот сега има 5-3 во меѓусебните средби против 16-години помладиот ривал од Шпанија.


Десеткратниот освојувач на грен слемот следно ќе се соочи со Александер Зверев, кој пак денеска во четири сета со 7-6, 7-6, 2-6, и 6-1 беше подобар од Томи Пол.

Утре се играат последните четвртфинални пресметки, бранителот на трофејот Јаник Синер игра против домашниот фаворит Алекс де Минор, а Бен Шелтон ќе се соочи со Лоренцо Сонего.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Македонија триумфираше над Литванија за нов пласман на ЕП

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Мотокрос атракција на патеката во Орман

Дејан Дејан

Ивановски на чекор до пласман на главниот турнир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе