Денвер им го нанесе вториот пораз по ред на домашен паркет на Лос Анџелес со 102-127. Нагетс одиграа фантастична трета четвртина откако на полувремето заминаа со негатива од 63-57. Никола Јокиќ имаше 34 поени и 13 скока, додека Мајкл Портер Јуниор запиша 24 поени. Кај Лејкерс најдобар беше Остин Ривс со 19 поени, еден помалку имаше Леброн Џејмс, а целосно потфрли Ентони Дејвис со 14 поени и очаен шут од игра.
Ѕвезда на вечерта во НБА беше Ламело Бол, кој постигна 50 поени, но Шарлот загуби на гостувањето кај Милвоки со 125-119. Бакс почнаа да ја креваат формата и го запишаа шестиот триумф на последните седум средби до кој ги водеа Јанис Адетокумбо со 32 поени и Демијан Лилард со 31.
НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ:
Јута – Њујорк 121-106
Орландо – Детроит 111-100
Чикаго – Мемфис 131-142
Хјустон – Портланд 98-104
Сан Антонио – Голден Стејт 104-94