Спорт Фудбал

Раниери на крајот од сезоната ќе одлучи кој тренер ќе го наслед на клупата во Рома

Клаудио Раниери од денеска и официјално е нов тренер на Рома. Искусниот стратег ќе го наследи Иван Јуриќ, кој на клупата се задржа едвај два месеци, а сезоната ја започна Даниеле де Роси.

Раниери, кој има 73 години лани се пензионираше од тренерската работа откако успеа да го спаси Калјари од испаѓање во Серија Б. Сепак, тој ќе се врати на клупата на Рома до крајот на оваа сезона, а потоа ќе има нова улога во клубот.

Искусниот стратег ќе биде на советник на сопствениците и ќе одлучи кој тренер ќе го наследи на клупата следната сезона. Ова е трето враќање на Раниери во Рома како тренер, бидејќи претходно работеше во клубот од 2009 до 2011 и кратко во 2019 година. Една сезона мина и како играч во клубот. Италијанецот во својата кариера има работено во дури 18 клубови, но негов најголем успех секако е освојувањето на шампионската титула во Премиерлигата со Лестер сити во сезоната 2015/2016.

Раниери своето деби на клупата ќе го има на гостувањето кај Наполи на 24.ноември.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе