Ракомет Спорт

Шпанскиот тренер Раул Алонсо ќе го води Еурофарм Пелистер до јуни 2026 година

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер денеска го промовираше Раул Алонсо како нов тренер на тимот. Шпанскиот стратег потпиша договор со битолчани до јуни 2026 година.

Алонсо е 45-годишен тренер, кој во минатото беше асистент во Кил, а потоа и директор на академијата на големиот германски тим. Работел и во Германската ракометна федерација, а првиот ангажман како главен тренер го има во Тирол во Австрија. Во 2018 година беше помошник на Маноло Каденас во Брест Мешков, а по една сезона го презема кормилото. Во двете сезони во белорускиот тим ги осови сите можни трофеи и стигна до четвртфиналето и осминафиналето во Лигата на шампиони. Во 2022 година повторно работеше во Германија во тимот на Ерланген.

Алонсо сега ќе го наследи Бранислав Ангеловски, кој ја напушти клупата во Битола по поразот од Алкалоид во домашното првенство, што беше втор во сезоната за актуелниот шампион на Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одбојкарите во полн состав утре ги почнуваат подготовките за Златната лига

Дејан Дејан

Родриго повеќе не сака да игра за Реал Мадрид

Дејан Дејан

Манчестер сити сериозно заинтересиран за Тиџани Реијндерс од Милан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе