Вести Временска прогноза

Следува период на уште потопло време и портокалова фаза – Временска прогноза за 20.6.2024

Првиот ден од летото носи уште потопло време и портокалова фаза за опасност од висока температура низ цела Македонија. Ќе преовладува претежно сончево и многу топло време со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 13 до 21°C, а максималната од 33 до 40°C.

Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец.

Вредноста на ултравиолетово зрачење (УВ) ќе биде 9.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

13 Лазарополе, Берово, 14 Маврови Анови, 15 Попова Шапка, Крива Паланка, 16 Битола, 17 Охрид, Претор, 18 Тетово, Прилеп, Струмица, Крушево, 19 Скопје-Петровец, Дебар, Демир Капија, Куманово, 20 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Велес, Виница, Кавадарци, Гевгелија, Дојран.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Повреден жител на селото Долани при гаснењето на пожарот во штипско – огнот ставен под контрола

Дејан Дејан

Путин прв му честитал роденден на Трамп – славеникот на шега забележал дека не му се допаѓа бројот 80

Дејан Дејан

Муцунски следните три дена Германија, Обединетото Кралство и Ирска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе