Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Попладне ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи.
Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Вредноста на ултравиолетово зрачење (УВ) ќе биде 8.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 19°C, а максималната од 28 до 36°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
12 Лазарополе, Попова Шапка, Маврови Анови, 13 Берово, 15 Крива Паланка, Охрид, 16 Битола, Претор, Дебар, Тетово, 17 Скопје–Петровец, Демир Капија, Струмица, Крушево, Виница, 18 Прилеп, Штип, Дојран, Скопје–Зајчев Рид, 19 Куманово, Велес, Кавадарци, Гевгелија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
10 Демир Капија, 7 Виница, 5 Гевгелија 3 Радовиш – Пожар, 2 Кавадарци, 1 Штип, Дојран, Крушево.
Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Температура на вода, измерена во 7:30 часот (во °C)
Охридско Езеро 19.0, Преспанско Езеро 17.0, Дојранско Езеро 25.4.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/
