Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Од пладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за краткотрајно невреме.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, од пладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 7 до 14°C, а максималната од 22 до 29°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
5 Берово, Лазарополе, 6 Попова Шапка, 8 Крива Паланка, 9 Маврови Анови, Охрид, Претор, Битола, Крушево, 10 Виница, 11 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Прилеп, Штип, Струмица, Куманово, 12 Демир Капија, Дојран, Велес, 13 Гевгелија, 14 Кавадарци.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
12 Демир Капија, 7 Гевгелија, 4 Тетово, Битола, 3 Крива Паланка, Дојран, 2 Попова Шапка, 1 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Виница.
Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Температура на вода, измерена во 7:30 часот (во °C)
Охридско Езеро 17.0, Преспанско Езеро 16.5, Дојранско Езеро 24.8.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/
