Сончево со мала до умерена облачност. Попладне, особено во западните и крајните источни делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локална појава на невреме.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 5 до 12°C, а максималната од 20 до 28°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
3 Лазарополе, 4 Берово, 6 Маврови Анови, 7 Битола, Крива Паланка, Попова Шапка, 8 Тетово, Охрид, Претор, 9 Скопје–Петровец, Струмица, Прилеп, Крушево, 10 Дебар, Куманово, Штип, Велес, Демир Капија, 11 Скопје–Зајчев Рид, Виница, Кавадарци, Гевгелија, 13 Дојран.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
4 Дебар, 3 Лазарополе, 1 Маврови Анови.
Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Температура на вода, измерена во 7:30 часот (во °C)
Охридско Езеро 17.0, Преспанско Езеро 16.5, Дојранско Езеро 24.8.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/
