Кошарка Спорт

Далас води против Клиперс, Феникс близу да добие „метла“ од Минесота (ВИДЕО)

Далас поведе со 2-1 против Лос Анџелес клиперс во првата рунда од плеј-офот во НБА-лигата по победата од 101-90 на домашен паркет. Натпреварот беше жесток особено во последниот период кога дојде до мало кошкање меѓу играчите. Расел Вестбрук беше исклучен од натпреварот по еден груб прекршок над Лука Дончиќ, а исклучен кај Маверикс беше и Пи Џеј Вашингтон.  Дончиќ имаше 22 поени, 10 скока и 9 асистенции, а Кајри Ирвинг запиша еден поен помалку. Кај Клиперс, Џејмс Харден и Ник Пауел имаа по 21 поен.

Минесота е близу да го збрише Феникс, бидејќи утринава славеше со 109-126 на гостински паркет и поведе со 3-0. Ентони Едвардс имаше 36 поени за Тимбервулфс, а Бредли Бил со 28 поени најмногу се истакна кај Санс.

Индијана славеше со 121-118 против Милвоки по едно продолжение и дојде до водство од 2-1 во меѓусебната серија. Целата стартна петорка на Пејсерс имаше двоцифрен ефект во нападот, а најдобар беше Мајлс Тарнер со 29 поени. Кај Бакс, Крис Мидлтон имаше 42 поени, а Демијан Лилард 28, но без повредениот Јанис Адетокумпо очигледно тимот има многу проблеми во играта.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Ракометарките на Ѓорче Петров ја освоија двојната круна

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски го донесе првиот трофеј за Алкалоид

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Андреев и Гавриловиќ најдобри на триатлонот во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе