Ракомет Спорт

ФОТО галерија: Еурофарм Пелистер супериорен во дуелот против Алкалоид

Во дербито на седмото коло од разигрувањето за шампионската титула, Еурофарм Пелистер го совлада Алкалоид со 35:25 и направи уште еден крупен чекор кон одбрана на трофејот во домашното првенство.

Битолчани доминираа во текот на целиот натпревар и во ниту еден момент на противникот не му дадоа надеж дека може да направи изненадување и на крајот сосема заслужено стигнаа до убедлив триумф.

Најефикасен во победничкиот тим со 12 гола беше Нејц Цехте, шест пати прецизен беше Богдан Радивојевиќ додека во составот на Алкалоид шест погодоци беа дело на Дамјан Митев.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Пет натпревари суспензија за Мадибо по тешката повреда на Коне

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе