Спорт Фудбал

Поранешниот прв човек на шпанскиот фудбал уапсен во Мадрид

Луис Рубијалес, поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Шпанија денеска бил уапсен на аеродромот во Мадрид по сомневање за примање поткуп.

Рубијалес е под истрага дека добивал огромни провизии додека преговарал богат договор шпанскиот фудбалски Супер куп да се одржува во Саудиска Арабија. Денеска бил приведен на аеродромот во Мадрид при неговото враќање од Доминиканската Република.

Пред еден месец шпанската полиција извршила претрес во неговиот дом и канцелариите на Фудбалската федерација на Шпанија. Рубијалес веднаш бил пуштен на слобода и се очекува уште утре да се појави на Суд. Обвинителството бара затворска казна од 2.5 години за Рубијалес.

Интересно ова е втор случај за кој 46-годишникот треба да се појави на Суд. Првиот е случајот за сексуален напад откако ја бакна шпанската репрезентативка Џени Ермосо за време на доделувањето на светската титула минатото лето.

Рубијалес во двата случаи ги негира обвинувањата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Пет натпревари суспензија за Мадибо по тешката повреда на Коне

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе