Вести Временска прогноза

Наутро студено, преку ден сончево со мала локална облачност – Временска прогноза за 20.3.2024

Првиот пролетен ден носи стабилизирање на времето со сонце. Наутро ќе биде студено, преку ден сончево со мала  локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност,  и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -4 до 5°C, а максималната од 11 до 17°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

0 Попова Шапка, 1 Лазарополе, 3 Маврови Анови, 4 Берово, Крушево, 5 Претор, 6 Крива Паланка, Охрид, Битола, Гевгелија, 7 Прилеп, 8 Тетово, Демир Капија, Виница, Струмица, 9 Скопје-Петровец, Штип, Велес, Кавадарци, 10 Скопје-Зајчев Рид, Дојран.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 7 часот (во л/м²)

5 Крива Паланка, 1 Охрид, Претор, Лазарополе.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Повреден жител на селото Долани при гаснењето на пожарот во штипско – огнот ставен под контрола

Дејан Дејан

Путин прв му честитал роденден на Трамп – славеникот на шега забележал дека не му се допаѓа бројот 80

Дејан Дејан

Муцунски следните три дена Германија, Обединетото Кралство и Ирска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе