Променливо облачно со локален слаб дожд. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец.
Во Скопје променливо облачно, околу пладне со услови за слаб дожд.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -1 до 3°C, а максималната од 8 до 14°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
-1 Берово, 0 Попова Шапка, 2 Скопје-Петровец, Струмица, Лазарополе, Маврови Анови, 4 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Битола, Штип, Велес, Кавадарци, Демир Капија, Крушево, 5 Крива Паланка, 6 Прилеп, Гевгелија, Виница, Дојран, Охрид, Куманово, 7 Претор, 8 Дебар.
Висина на снежна покривка во 7 часот (во cм)
7 Маврови Анови.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
Забелешка: Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Температура на вода, измерена во 7:30 часот (во °C)
Охридско Езеро 9.0, Преспанско Езеро 6.0, Дојранско Езеро 7.8
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/
