Во најголем дел од земјава сончево со мала облачност, тивко и релативно топло. По котлините ќе биде магливо со пониска дневната температура.
Време и метеоролошки параметри за Скопје: Магливо и тивко, попладне видливоста ќе се зголеми.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -3 до 2°C, а максималната од 8 до 17°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
-3 Скопје-Петровец, Берово, -2 Струмица, Демир Капија, -1 Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, 0 Штип, Куманово, Велес, Кавадарци, 1 Крива Паланка, 3 Прилеп, Дебар, Маврови Анови, Лазарополе, Попова Шапка, 4 Битола, Дојран, Виница, 5 Тетово, Крушево, 6 Претор, 7 Охрид.
Висина на снежна покривка во 7 часот (во cм)
30 Маврови Анови, 12 Крушево, 10 Попова Шапка.
Температура на вода, измерена во 7:30 часот (во °C)
Охридско Езеро 9.5, Преспанско Езеро 6.5, Дојранско Езеро 7.4
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/
