Вести Економија

Македонија Осигурување и Винер се споија- промена во бизнисот за осигурување

Потпишана е Спогодба за присоединување на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје, кон МАКЕДОНИЈА осигурување АД Скопје-Виена Иншуренс Груп, известија од Управниот Одбор на Македонија осигурување.

-Ве известуваме дека на ден 20.12.2023 година се потпиша Спогодба за присоединување со која ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје, како Друштво што се присоединува, се присоединува кон МАКЕДОНИЈА oсигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп, како Друштво што презема, со универзален пренос на целокупниот имот и правата и обврските на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје во замена за акции издадени од МАКЕДОНИЈА oсигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп, во согласност со позитивното законодавство. По завршување на постапката за статусни промени ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје престанува да постои без ликвидација, стои во соопштението на осигурителната компанија Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе