Вести Македонија Најважни

Изгоре дел од архивата на кумановскиот суд – чад се уште излегува од зградата, во која има резерви нафта и муниција

Кумановскиот суд како во магла. Oблаци со чад од подрумските простории претпладнево ја обвиткаа судската зграда. Пламени јазици немаше, но чадот се смируваше па се распламтуваше  додека кумановските пожарникари од ноќеска 2 часот водат битка целосно да го угасат. Постојано се менуваа нови возила со вода и директно се гасеше во подрумските простории полни со архива на судот, но до целосно гасење одеше бавно.

Штета има, но што конкретно изгорело, дали само списи за кои веќе има бекап во електронската архова или ќе има и неповрзано изгорени архивски материјало претседатлеката на кумановскиот суд Снежана Манев не можеше да каже. Рече дека дел од стара архива веќе била пренесена, но не сѐ. Во подрумот на судот има и резерви со нафта за греење, потврди за Телма Манев, но вели дека биле подалеку од двете простории зафатени од пожарот. Најави точни информации за штетите откако ќе влезат внатре и ќе направат увид. Првичните причини се бараат во проблеми со струјата

Што го предизвика пожарот ќе треба да покаже увидот и истрагата откако целосно ќе биде згаснат. Во оваа зграда се сместени и кумановското обвинителство и правобранителството. Шефицата на кумановското обвинителство за Телма кажа дека и дел од нивната архива е сместена во подрумот, но најверојатно не е зафатена со пожарот.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски најави дека началници и раководители од Одделот за криминалистички и технички испитувања и вештачења од Скопје ќе учествуваат во увидот за да се лоцираат причините, што точно е зафатено со пожарот.

Претседателот на Судскиот совет Сашко Ѓеоргиев утрово бил пред кумановскиот суд и на претседателката ѝ понуди дополнително ангажирање и на други служби, да помогнат за успешно да се изгасне пожарот. Судскиот совет во координација со Врховниот суд и правда бараат решение како да продолжи со работа судот, со оглед на тоа што при пожарот е оштетена и дел од електричната инсталација.

Пожарот во делот каде што се чуваат документите од стари судски предмети ги разгоре и сомнежите во јавноста. Претходно пожар имаше и во бараките во кои беше претходно сместен Судот за прекршоци, гореа документи и во Министерството за правда, и во Инспекторат за животна средина.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе