Половичен успех на македонските тенисери во машка и женска конкуренција на ИТФ турнирот во Куршумлиска бања.
Лина Ѓорческа успеа да ја мине и втората пречка и да влезе меѓу осумте најдобри откако во два сета со 6:2 и 6:3 триумфираше над Јули Струплова од Чешка.
Нашата најдобра тенисерка која е поставена за трета носителка за пласман во полуфиналето ќе се бори со Швеѓанката, Кајса Риналдо Персон која по голема борба со 2:1 во сетови славеше во мечот против Лавинија Танасе од Романија.
Ивановски по минатонеделното финале настапот во Куршумлиска бања го заврши во второто коло по поразот од Белорусинот, Микалај Халиак.
Нашиот најдобар тенисер во меч што траеше 2 часа и четири минути беше совладан ао 6:4, 1:6 и 6:3.
Утре Ивановски ќе настапи во второто коло во игра на двојки каде заедно Хрватот, Мили Пољичак ќе сретне со италијанската комбинација Симоне Агостини и Николо Барони.
По завршувањето на настапот во Куршумлиска бања, Ивановски се враќа во Скопје каде од следната недела ќе биде дел од Челенџер турнирот што ќе одржи на терените на Тенискиот клуб Југ во Градскиот парк.
ФОТО: Игор Паневски