Новак Ѓоковиќ во текот на својата кариера собори голем број рекорди, но по елиминацијата на турнирот од Мастерс серијата влезе во историјата како тенисер кој како број 1 на светската ранг листа има најголем број на порази.
Поразот во Рим не само што значеше елиминација во четвртфиналето, губење на титулата освоена минатата година во Рим туку и неславен рекорд по бројот на загубени мечеви.
Поразот од Холгер Руне беше вкупно 70. во моментите кога тој е светски рекет број 1 и со него го надмина неславното постигнување на Американецот, Пит Сампрас кој сега е втор со 69.
Трет на оваа листа е Роџер Федерер со 56 загубени мечеви, а потоа следуваат Рафаел Надал и Иван Лендл со по 44 порази.
Најмалку порази како тенисер број 1 има Бјорн Борг кој во 109 недели на првата позиција загубил на само 12 настапи.
ФОТО: Игор Паневски