Вести Економија Свет

Германија ги затвора последните три нуклеарни централи – победа за еколошките активисти

Германија започна денеска со процедурата за прекинување на работата на трите преостанати нуклеарни централи, како дел од планираната транзиција кон обновливи извори на енергија, што беше прославено од еколошките активисти.

Затворањето на реакторите во Емсланд, Некарвестхајм 2 и Исар 2, кое било договорено пред повеќе од 10 години, со внимание беше следено надвор од германските граници.

Повеќедецениските анти-нуклеарни протести во Германија, засилени од нуклеарните катастрофи во Чернобил и Фукушима го зголемуваа притисокот врз повеќето германски влади да престанат да ја користат технологијата, која според критичарите, не е безбедна и одржлива.

Еколошките групи го одбележаа денот со прослави пред трите реактори и со собири во поголемите градови, вклучувајќи го Берлин.

Бранителите на атомската енергија, тврдат дека фосилните горива треба да престанат да се употребуваат како дел од глобалните обиди да се спречат климатските промени, тврдејќи дека нуклеарната енергија произведува далеку помалку емисии на стакленичките гасови и доколку правилно се управува со неа, исклучително е безбедна.

Земјите како Соединетите американски држави, Јапонија, Кина, Франција и Велика Британија сметаат дека нуклеарната енергија треба да ги замени фосилните горива кои ги засилувааат климатските промени.

Германската одлука да престане со употребата и на фосилните горива но и на нулеарната енергија е пречекана со скептицизам во овие земји, свесни дека ваквата постапка на најголемата економија во Европа би можела да ја загрози употребата на технологијата која се опишува како еколошка и сигурна алтернатива на фосилните горива.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе