Вести Економија Најважни

На фирмите кои чувале залихи на овошје и зеленчук им се подготвува казна – инспекторите и денеска на терен

Државниот пазарен инспекторат и денеска на терен ќе проверува дали трговците со овошјето и зеленчукот, кои се најдоа под смрзнати цени, ја почитуваат одлуката на Владата со која се предвидува во маркетите и пазарите да доставуваат количини од најмалку 70 отсто од испораките во првите два месеци годинава. Во последната ваква акција заедно со Управата за јавни приходи и Финансовата полиција, беа проверени 20 фирми и речиси сите ќе бидат казнети бидејќи имале доволно залихи на овошје и зеленчук, но не вршеле дистрибуција и продажба во назначените количини. За нив ќе следуваат казни од 800 до 10 000 евра. Со контролата на ДПИ се опфатени увозници на зеленчук и овошје во Скопје, а проверки се правеа и на Кванташкиот пазар. Исто така, се вршеа надзори и кај увозниците на големо во Струмица, Дебар во и други градови, информираат од Инспекторатот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе