Вести Економија Најважни

(видео) Од денеска замрзнуваат цените на овошјето и зеленчукот – граѓаните велат задоцнета одлука

Од денеска стапува на сила одлуката на владата за замрзнување на цените на одредени видови овошје и зеленчук. Во маркетите тие треба да бидат изложени со нови пониски цени согласно пресметките на Владата која пресмета дека одредени видови се продавале со маржа и од над 200 отсто. Согласно одлуката свежите домати не може да се продаваат за повеќе од 70 денари, а свежите краставици треба да бидат со максимална цена од 75 денари.

Коригирана пониска цена треба да има и кромидот кој треба да изнесува не повеќе од 60 денари… За карфиолот Владата одреди горна граница од 70 денари, зелените пиперки нема да може да се продаваат повеќе од 90 денари за килограм. Максималната цена на гравот треба да биде 75 денари, а на леќата 110 денари. Според владините математики јужното овошје односно бананите не смеат да бидат продавани по цени над 75 денари, портокалите и лимоните смеат да добијат налепници со цени до 55 денари, а максималната цена за мандарините е 60 денари. Деновиве од Владата излегоа со став дека со замрзнатите зени се ограничува очекуваната заработка на трговците но според нив тие не работат со загуба бидејќи и во замрзнатите цени предвидена е профитна маржа.

Од Државниот пазарен инспекторат пак информираа дека до сега се направени над 1800 инспекциски контроли и во неколку случаи регистрирани се прекршувања на одлуката за што изречени се казни во висина од над 2,5 милиони денари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе