Вести Економија

Анализите за јајцата се готови, Битиќи денеска ќе ги разгледува

Минисетрот Бектеши ако сака да креира синдикални политики треба да се зачлени во синдикат. Грешка во пресмeтката на потрошувачката кошница нема. Ова е реакцијата од ССМ, по обвинувањата на Бектеши дека во пресметката за месечната потрошувачка кошница, двапати влегува инфлацијата. Посочија дека владините престваници се добредоjдени во синдикатот, за самите да се уверат дека нема никаква грешка во калкулациите.

„Синдикалната кошница се пресметува исто повеќе од 10 години. Ако им пречи високата инфлација треба да работат на тоа. Може треба да се смени методологијата и да се внесат сите параметри кои се потребни за еден нормален живот и во тој случај таа би изнесувала околу 90.000 денари, па може би тоа пак нема да им се допаѓа“, изјави Слободан Трендафиловски од ССМ.

Министерот Бектеши, пак, рече дека ќе бара средба со синдикатот, затоа што неговите работници утврдиле грешка во пресметката на минималната синдикална кошница. Тој тврди дека е помала од 50.000 денари.

Во изминатиот период цените сериозно се покачија, а инфалцијата во одреднеи месеци достигна и до речиси 20 отсто. Откако ограничените маржи не ги дадоа очекуваните резулатите, сега се замрзнуваат цени на одредени производи. По корекциите на цените на тестенините, млекото и млечните производи, се прават анализи дали тоа може да се направи кај цените на јајцата, шеќерот и оризот. Тие се готови, но вицепремрирот Битиќи ќе ги разгледа во текот на денот. Сепак, испрати порака до трговците дека има простор зеленчуикот и овошјето да поевтинат.

Од вчера во маркетите тестенините се поевтини за 15 проценти, месото и млечните производи за 10 отсто. Сепак, од пазарен велат дека има места каде се прекршува владината одлука. Предупредија дека со контроли ќе продолжат и за време на викендот.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Багеи: „Обврска за обврска“ е водечки принцип во преговорите меѓу Иран и САД

Sasko Dimovski

Почина Циги, маскотата на ЈП „Лајка“

Sasko Dimovski

Гвинеја го забрани извозот на суровото злато

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе