Вести Македонија Топ вести

Ѓорѓиевски: Дополнителна помош од државата наместо укинување на мерки и замрзнување на цени

Наместо да замрзне цена на леб и да ја укине мерката за субвенционирана струја за прехранбената индустрија и пекарскиот сектор, државата треба да најде начин за дополнителна помош и подрршка или да ги превземе искуствата од околните држави. Ова е ставот на Горан Ѓорѓиевски, претседател на Агро бизнис гранката во Сојузот на Стопански комори.

Субвенционираната струја нема голем импакт во конечната цена на производот, а прехранбената индустрија, како и повеќе гранки во домашниот бизнис, се соочуваат со недостаток на работна сила и со неповолни услови за кредити, смета Ѓорѓиевски.

На ставот на министерот за економија Бектеши дека се потребни општествено одговорни компании, а не компании на кои државата ќе има плаќа струја, суровини оперативни трошоци и плати за вработените, Ѓорѓиевски е дециден – Буџетот од каде се исплаќаат платите за државниот апарат го полни реалниот сектор.

Наместо укиниување на субвенционираната струја, државата треба да ги издвои компаниите кои ја изиграле оваа мерка и да ги врати на слободниот пазар, велат од Комората.

Тој најави дека големите произведувачи на леб и прехранбени производи неделава ќе изградат став кој ќе го соопштат во јавноста.

Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека од 1 март ќе ја замрзне цената на белиот и полубелиот леб и ќе изнесува 33 денари. Одлуката за замрзнување, според најавите, ќе се донесе на владината седница во вторник, за кога ќе треба да се донесе и конечна одлука околу укинувањето на субвенционираната струја за што тој достави предлог одлука која во моментов ја разгледуваат правни експерти, а за која е убеден дека ќе мине и како единствена дилема е дали ќе стапи на сила од 1 март или од 1 април.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опаѓа бројот на ученици, расте бројот на наставници

Дејан Дејан

„Зошто ги пуштивме убијците на нашите деца?“ и зошто полицијата не е опфатена со истрагата – прашања по новиот марш за жртвите во Кочани

Дејан Дејан

Тешка несреќа со тројца мртви кај Кичево, тинејџер излета со БМВ и загина, трагичен биланс на сообраќајот, а се уште се чекаат законски измени и Сејф сити да „стапи“ на сцена

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе