Премалку и предоцна. Ова е оценката на финансискиот експерт Бранимир Јовановиќ за новиот сет антикризни мерки. Тој смета дека мерките опфаќаат мал број на граѓани, времетраењето од четири месеци е кратко и мора да се прошири бидејќи според официјалните податоци 450 илјади граѓани во Македонија се водат како сиромашни и ќе продолжат да тонат во сиромаштија.
Со антикризните мерки 66 илјади пензионери чии пензии се до 14 илјади денари ќе добијат три односно 6 илјади денари што исто така е малку и финансиски и со опфат, смета Јовановиќ.
Дваесет милиони директна финансиска помош од пакетот кој тежи 350 милиони е малку, и затоа нема ништо за другите категории на граѓаните а клучен пропуст е борбата против растот на цените.
Јовановиќ е на ставот дека борбата против инфлацијата е клучна и таа ја нема во пакетот антикризни мерки.
Намалување на расходи, односно плати и надоместоци во државни компании каде што има високи примања е еден од начините на кои Владата ќе обезбеди пари за антикризните мерки.
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го оцени пакетот антикризни мерки како лош и излезе со свои предлози.
Влада вчера го соопшти вториот пакет антикризни мерки тежок 350 милиони евра со кој ќе бидат опфатени 42 илјади граѓани од социјалноо загрозените категории и околу 66 илјади пензионери како и микро, малите и средните претпријатија.
Огнен Чанчаревиќ
